Жестоко дерби на „Енфилд“ и реми на Ливерпул против Ѓаволите (Видео)

Ливерпул и Манчестер јунајтед одиграа жестоко дерби на „Енфилд“ и ремизираа 2-2. Лидерот не успеа да слави иако беше апсолутен фаворит пред натпреварот, а Црвените ѓаволи по подолг период одигра според големото реноме на клубот.


Немаше голови по првиот дел, а потоа изненадувачки Манчестер јунајтед дојде во водство. Лисандро Мартинез во 52-та минута ја затресе мрежата на Алисон Бекер.

Сепак, Ливерпул брзо одговори. Коди Гакпо успеа да израмни во 59-та минута, а десет минути подоцна беше досуден пенал за Црвените по интервенција од ВАР- собата, по играта со рака на Де Лихт во шеснаесетникот.

Мохамед Салах успеа да погоди од белата точка во 70-та минута за целосен пресврт.
Но, Манчестер јунајтед не дозволи да биде поразен на ова дерби.

Во 80-та минута Амад Дијало постигна гол за израмнување (2-2) и за поделба на бодовите на „Енфилд Роуд“.

Во 96-та минута Хари Мегваер можеше да донесе и триумф за Манчестер јунајтед, но не беше прецизен од изгледна позиција по проигрувањето од Џошуа Зиркзе.

- Оглас -

Најнови вести