Жестоко е на дербито: Милан има водство против Мурињо и Рома на полувреме ама летаат искри на теренот

Екипата на Милан води со 2:1 по првото полувреме против Рома во едно од двете дербиња во ова 20-то коло.

Росоњерите демонстрираа моќ од самиот старт а поведоа со голот на Оливие Жиру од пенал во осмата минута. Вториот гол беше дело на Месијас (17′).

Првата радост за гостите ја донесе Абрахам во последните мигови од првиот дел со што се врати неизвесноста на средбата.

Во неколку наврати главниот судија мораше да додели жолти, а во еден случај и црвен картон и тоа на еден од помошниците на тренерот Стефано Пиоли

Можевме да видиме уште некој погодок откако и двете екипи не искористија неколку шанси а во вториот дел, Жозе Мурињо ќе има тешка задача да ја пронајде вистинската формула за неговиот тим да не остане непоразен.

- Оглас -

Најнови вести