Жестоко е на „Енфилд роуд“, во седум меча домаќините дадоа само еден гол во првите 45 минути

Ливерпул и Реал Мадрид играат без голови по првото полувреме во дербито на петтото коло од Лигата на шампионите. Двата европски гиганти играат отворено и без многу калкулации на „Енфилд роуд“, но мрежите мируваа во првите 45 минути.

Ливерпул имаше поголем посед на топка, домаќините создадоа повеќе шанси, Реал еднаш спасуваше и од гол-линијата, но засега Кралскиот клуб има егал на тешкото гостување.

Во останатите шест меча кои се играат во овој момент, интересно е дека домаќините се инфериорни. Монако е единствениот тим кој е домаќин, а успеа да постигне погодок во првото полувреме, и тоа против Бенфика.

На гостински терен засега се радуваат Шахтар, кој има предност од 2:0 на теренот на ПСВ Ајндховен, Бриж со 1:0 води кај Селтик, а во финишот на првиот дел погоди и Лил на теренот на Болоња.

Хрватскиот првак Динамо Загреб губи со 0:1 од Борусија Дортмунд на „Максимир“. Во редовите на Динамо е некогашниот капитен на македонслата репрезентација, Стефан Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести