Американците дефинитивно мора да ја воведат ВАР-технологијата на фудбалските натпревари за да не се случува повеќе она што се случи на мечот помеѓу Нешвил и Атланта јунајтед, кога на Жолтите од Нешвил им беше поништен чист гол.
Никому не му е јасно каде виде офсајд помошниот судија во оваа ситуација. Сепак, неправдата беше исправена, Нешвил со пресврт го доби мечот со 3-2 и отиде понатаму во Купот на САД.
— Nashville SC (@NashvilleSC) May 12, 2022