Манчестер сити со сигурни 3-1 против Евертон ја оствари 14-тата победа во Премиер лигата. Иако Пеп Гвардиола на овој меч не можеше да смета на Давид Силва и Серхио Агуеро, оние кои го предводеа нападот на „граѓаните“ одлично си ја завршија работата.
Жесус во 22-та минута ја затресе мрежата на Пикфорд по асистенција на Сане. Тој гол беше единствениот во првото полувреме, а домаќините одново погодија непосредно по стартот на вториот дел. Исто сценарио, Сане го пронајде Жесус во шестнаесетникот, а овој без проблем зголеми на 2-0.
Калверт-Луин за момент ги врати „карамелите“ во игра, во 65-тата минута намали на 2-1, но само четири минути подоцна Стерлинг ги реши сите дилеми.
Сити ќе преноќи на првата позиција на табелата со 44 бода, два повеќе од Ливерпул, кој утре на „Енфлид“ го пречекува лутиот ривалМанчестер јунајтед.