Негодување, плукање и фрлање предмети, беше атмосферата пред стадионот „Енфилд“ кога на паркингот влегуваше автобусот со тимот на Манчестер сити.
Овој непријателски пречек е очекуван, бидејќи важноста на мечот Ливерпул – Сити е голема и може да го одреди правецот во кој ќе се движи трката за титулата во Премиер лигата во следниот период.
Инаку, ова ќе биде последен меѓусебен дуел во Премиер лигата на тренерските ривали Јирген Клоп и Хосеп Гвардиола. Клоп во кариерата има 11 победи против Пеп, а Шпанецот има 10 победи против Германецот. Осум пат било нерешено.
Традицијата вели дека во дуелите на Ливерпул и Сити откако тренери се Клоп и Гвардиола, многу ретко победува тој што е гостин. Граѓаните имаат само една победа на последните 20 лигашки гостувања на „Енфилд“. Од последните 20 нивни премиерлигашки дуели, само двапати победил тој што е гостин.
Еве како изгледаше пречекот на Сити пред стадионот на Ливерпул:
https://twitter.com/i/status/1766765207622189058