Шпанската тенисерка Паула Бaдоса по пристигнувањето во Гвадалахара во Мексико, каде треба да игра на ВТА финалето, реши своите фанови да ги почести со еден латино танц, и веројатно ниту самата не веруваше дека оваа снимка ќе има илјадници прегледи и лајкови, и ќе стане вирален хит по социјалните мрежи.
Многумина останаа со подотворени усти, кога погледнаа како танцува Паула облечена во црна мини-сукња, и одеднаш таа доби многу нови свои следбеници и фанови.