Јувентус активно бара квалитетен напаѓач, а Максимилијано Алегри на ум има две имиња кои може да го засилат гигантот од Торино.
Првата цел е Габриел Жезус, фудбалерот на Манчестер сити, за кого Бјанконерите се подготвени да издвојат до 65 милиони евра, но првичниот план е Бразилецот да биде позајмен за сезоната 2021/22, пред да го откупат неговиот договор. Самиот Жезус не би се противел на оваа преселб бидејќи во Сити не може да ја добие посакуваната минутажа.
Доколку Јувентус не успее со планот А, втората опција е Мауро Икарди од ПСЖ. Екснапаѓачот на Интер повторно е интересен за Старата дама, а планот е сличен, прво позајмица па потоа перманентен трансфер.
Едно е сигурно, Алегри нема да се потпре на Мората како прва опција во нападот, а конкуренцијата на Шпанецот ќе му биде голема со било кој од двата потенцијални трансфери.