Габриел Жезус даде четири погодоци во победата на Манчестер сити над Вотфорд од 5:1 во меч од 34-то коло во Премиер лигата.
Бразилецот кој е прв сезонава со ваков подвиг, ја погоди мрежата во 4-та, 23-та, 49-та, и 53-та минута, додека уште еден гол за „граѓаните“ даде Родри во 34-та минута. Единствениот гол за гостите беше дело на Хасан Камара во 28-та минута.
Со оваа победа, сити по 33 одиграни средби сега има 80 бодови, односно четири повеќе од Ливерпул кој има и меч помалку.
ПРЕМИЕР ЛИГА
Норич – Њукасл 0:3
Манчестер сити – Норич 5:1
Лестер – Астон Вила 0:0