Жесус го освои Купот на Турција, па се раздели со Фенербахче

Португалецот Жорж Жесус веќе нема да седи на клупата на Фенербахче, тоа самиот го потврди синоќа, по освојувањето на Купот на Турција.

„Ова е мојот последен меч во Фенербахче. Овој трофеј е важен за мене лично, како и за клубот. Им благодарам на клубот и на навивачите, жал ми е што си одам, Турците се прекрасен, емотивен и храбар народ. Во првенството се боревме до претпоследното коло. Сезонава одигравме 15 меча повеќе од Галатасарај и Бешикташ. Уште пред неколку недели му кажав на претседателот дека си одам и му дадов совети каков тренер треба да бара после мене. Сега одам во Португалија, не сум донел одлука за иднината“, рече 68-годишниот Жесус, кој една година беше на клупата на Фенер.

Се шпекулира дека Жесус сака да биде селектор, а го спомнуваат како кандидат за селектор на амбициозната Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести