Жесус ќе го враќа сјајот на Фенербахче

Фенербахче ја официјализира соработката со трофејниот стратег Жорж Жесус. Португалскиот тренер потпиша едногодишен договор со актуелниот вицешампион на Турција според кој ќе заработи седум милиони евра.

Искусниот стратег тргна во нова авантура и ќе се обиде од Фенербахче повторно да направи шампион бидејќи клубот чека на национална титула цели осум години.

Враќањето во Бенфика минатата сезона не му се одвиваше според планот, па иако прифаќањето на овој предизвик се смета за чекор назад во неговата кариера, Жесус е подготвен да издоминира во уште една лига. Жесус досега брои 19 трофеи во тренерската кариера како предводник на лисабонските ривали Спортинг и Бенфика, како и на бразилскиот гигант Фламенго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести