27.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

ЖФК Истатов немаше милост кон ЖФК Вардар и го победи со 11:0

Во Првата женска фудбалска лига викендов на програмата беше некомплетното трето коло.

Во четири одиграни меча по две победи за гостинските и домашните екипи, а најубедлив беше составот на ЖФК Истатов со триумфот од 11:0 во соочувањето со ЖФК Вардар.

По двапати меѓу стрелците се впишаа Севим Иљаз, Кристина Петрушевска и Меланија Грозданова, а по еден погодок постигнаа Ива Здравевска, Елма Шемсовиќ, Миа Головска и Андреа Коловска.

Гостинска победа забележа ЖФК Топ Гол по триумфот над ЖФК Речица со 5:3.

ЖФК Скопје ја совлада ЖФК Тиверија Брера со 2:1, додека АС јунајтед славеше над ЖФК Каменица Саса со 2:0.

Поради настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионките, ЖФК Љуботен натпреварот против ЖФК Кочани ќе го одигра на трети септември.

- Оглас -

Најнови вести