Фудбалерките на ЖФК Љуботен се победнички на Купот на Македонија откако во финалето што се одигра на комплексот на ФФМ ја победија Тиверија Брера со убедливи 3-0. Тетовскиот тим ќе комплетира двојна круна оваа сезона во македонскиот женски фудбал.

Љуботен покажа повеќе на денешното финале, а тоа го зачини и со три гола во мрежата на ривалот. Мариан Огочукву донесе предност во 45-тата минута, а погоди и за 2-0 на почетокот на вториот дел.
Во финишот тетовки постигнаа и трет погодок преку Величковска за убедлив триумф од 3-0. Со ова Љуботен третпат по ред слави во Купот.