Македонскиот првак во женски фудбал, ЖФК Љуботен, испиша историја освојувајќи го квалификацискиот турнир што се одржа во Скопје, откако славеше со 4-0 против ерменскиот Пјуник на комплексот на ФФМ.
По триумфот од 4-1 против Рунавик, фудбалерките на ЖФК Љуботен денеска беа убедливи и против Пјуник и славеа со 4-0.
Хероина на мечот беше Хава Мустафа која ги постигна сите четири гола на натпреварот. Таа го отвори резултатот во 39-тата минута, потоа зголеми на 2-0 во 55-тата минута, а до крајот стрелаше уште двапати, во 89-тата и во 96-тата минута.
Љуботен сега обезбеди место во втората фаза од натпреварувањето во ЛШ. Тој турнир ќе се игра во Белгија, а прв противник на Љуботен ќе им биде Розенгард од Шведска.