20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

ЖФК Љуботен ќе игра против првакот на Фарски Острови на стартот од квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак во женски фудбал, ЖФК Љуботен, ја започнува својата европска авантура со дуел против шампионот на Фарските Острови, тимот на Рунавик.

Овој меч претставува идеална можност не само за афирмација на тетовките на меѓународната сцена, туку и за подигнување на угледот на женскиот фудбал во Македонија. Ова и особено затоа што групата на ЖФК Љуботен ќе игра на комплексот на ФФМ.

Ако Љуботен успее да го елиминира противникот од Северот, во следната рунда ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу бугарската Славија Софија и ерменскиот Пјуник.

Првиот натпревар е закажан за 13 јули, додека вториот е на програмата на 2 август.

- Оглас -

Најнови вести