ЖФК Љуботен: „Крај на една ера, во фудбалот нема место за тие што вложуваат и сакаат напредок“

Од Женскиот фудбалски клуб Љуботен излегоа со соопштение во кое најавија „крај на една ера“, откако екипата беше оштетена на мечот против Ас јунајтед во Струга и се повлече од теренот, а потоа беше казнета и со одземање на девет бода.

Во соопштението се наведени сите успеси на клубот, кој четири пати по ред беше шампион на Македонија, а освои и три трофеи од Купот. Минатото лето, екипата од Тетово постигна и историски успех во женската Лига на шампиони, но и низа проекти кои биле планирани, а сега нема да се реализираат.

Во продолжение дел од соопштението на ЖФК Љуботен објавено на социјалните мрежи.

„Денес беше последниот натпревар за многу играчи во ЖФК Љуботен, последен со интернационалки, последен по многу нешта!
По последните случувања на терените за кои сме повеќе од сигурни беа се само спортски не, како и одлуките на Фудбалската Федерација јасно и гласно ни покажаа дека нема место за успешни, за тие кои искрено вложуваат и сакаат напредок во спортот.
Изгубија сите изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата имаме 10 репрезентативки, изгуби фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал во регионот и пошироко …
Ќе останат недовршени многу проекти и визии кои ги имавме во план од кои ќе наброиме неколку: нарачаниот клубски автобус ќе бевме први и во тоа можеби и на балканот женска екипа со свој сопствен автобус ќе заврши во некоја туристичка агенција, големиот проект со потенцијалниот странски инвеститор за изградба на тренинг центар со хотел и сите пропратни елементи во близина на Тетово, градоначалникот Јовица знае а го запознав и министерот при една наша средба, тука во Вас ФФМ гледавме партнери, планираното враќање на најстариот машки клуб во земјата прво во втората лига па потоа и ранг погоре итн….,
Денес дами и господа вие го погребавте Тетово, пркосот или тоа што им бодеше во нос на сите тука успесите на ЖФК Љуботен, денес Вие можеби ставте клуч на најстариот машки фудбалски клуб Љуботен денес ја погребавте македонштината и уште еднаш ни кажавте дека нема место за луѓе со чесност, визија и успеси! За нас Тетово и Македонија се светост ние сме сигурно многу поголеми од сите Вас и тие што ве советуваат ова да го направите, но чесноста ни е пред се!“ – се вели во дел од соопштението на се уште актуелниот шампион на Македонија, ЖФК Љуботен.
- Оглас -

Најнови вести