ЖФК Љуботен: „Мора да се стави крај на девијантните појави, финалето на Купот ќе го играме“ (Видео)

Во пресрет на финалниот натпревар од женскиот фудбалски Куп на Македонија, кој утре треба да се одигра во Велес, актуелниот освојувач на двојната круна, Љуботен, на прес-конференција изнесе сомнеж за нерегуларност при регистрацијата на странските фудбалерки во редовите на финалистот и вицешампион на Македонија, Каменица Саса.

Според преставникот на Љуботен, Драгољуб Јовановски, со случајот се запознаени Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за внатрешни работи, како и Обвинителството, и се очекува нивна реакција и расчистување на случајот со цел регуларност на првенството.

Финалето на женскиот фудбалски Куп на Македонија помеѓу Љуботен и Каменица Саса ќе се одигра според планираното, утре со почеток во 16 часот на Градскиот стадион во Велес, а од страна на ЖФК Љуботен нема да бараат одложување или да бојкотираат натпревари и ќе чекаат официјална реакција од надлежните органи.

- Оглас -

Најнови вести