23.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

ЖФК Љуботен убедливо го победи Рунавик и ќе игра финале на турнирот во ЛШ против Пјуник

Македонскиот првак во женски фудбал, ЖФК Љуботен, убедливо со 4-1 го победи Рунавик, претставник на Фарски Острови, пласирајќи се во финалето на квалификацискиот турнир за ЛШ, каде што ќе се сретне против ерменскиот Пјуник. Мечот ќе се одигра в сабота, со почеток во 17 часот.

Рунавик поведе во 12-тата минута со голот на Бенбакура, но само три минути подоцна израмни Марковска. Три минути подоцна Мустафа се погрижи за пресврт, а третиот гол за ЖФК Љуботен беше дело на Улза Максути во 45-тата минута.

Во вториот дел победата ја потврди Маријан Охадиве со погодокот во 63-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести