Бетис има сезона за памтење во Шпанија. По 17 години чекање, во клубот повторно пристигна трофејот наменет за најдобриот во Кралскиот куп. Во финалето на Купот, Бетис на пенали ја победи Валенсија, а легендарниот капитен Жоакин Санчез, прв го крена трофејот.
Токму Жоакин беше во Бетис и во 2005 година кога исто така беше освоен трофејот во Купот, а сега како легенда на клубот имаше можност прв да се израдува. Сите веруваа дека ова е крај за Жоакин и дека играчот кој има 40 години, по завршување на сезоната ќе се пензионира, но тој ги изненади сите за време на прославата на нивниот стадион.
„Останувам во Бетис. Ќе го продолжам договорот на уште една сезона“, извика Жоакин на микрофонот, а навивачите со огромна радост ја примија оваа вест.
JOAQUÍN SÁNCHEZ ANUNCIA QUE SE QUEDARÁ UNA TEMPORADA MÁS EN EL REAL #BETIS. Cumplirá los 41 años jugando en el equipo de sus amores. pic.twitter.com/XrZ5nljojT
— Pedro J. González (@PGonzalezMedina) April 24, 2022
Жоакин за Бетис дебитираше пред речиси 22 години и има одиграно речиси 500 меча за овој клуб. Освен за Бетис, во кариерата има играно и за Малага, Фиорентина и Валенсија. Во дресот на шпанската репрезентација одигра 52 меча и постигна четири погодоци.