„Се договоривме со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и веќе докажан стратег, кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига, а исто така и интернационално искуство. Доаѓа во стара, добро позната средина и очекуваме дека ќе успее да го воздигне тимот на едно повисоко ниво. Очекуваме оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и Работнички да се врати на позициите кои му припаѓаат“, изјави Драган Поповски, првиот човек на Работнички за официјалната интернет-страница на клубот.
Тасевски во сезоната 2012/13 веќе беше на кормилото на Работнички, што значи дека ова му е втор мандат како тренер во редовите на четирикратниот македонски шампион.