Енис Барди го одигра првиот меч за Леванте во 2019 година и тоа го стори сосема солидно, а со соиграчите на двапати анулираа негатива против Жирона и освоија еден бод со реми 2:2.
Моралес и Коке со по еден погодок не дозволија победа на гостите од Каталонија, а Жирона водеше со 1:0 и 2:1 со головите на Порту и на Гарсија.
Домаќините не се предадоа ниту кога останаа со фудбалер помалку во 69. минута. Постиго беше исклучен, набрзо Жирона повторно поведе, но Леванте е жилав тим и со голот на Коке израмни и освои бод.
Двете екипи по 18 одиграни натпревари имаат ист број на бодови, по 23 и се на осмата и на деветтата позиција во Ла Лига.