Жирона е тим од пет ѕвездички, ја наполнија мрежата и на Севилја

Со три гола на Артем Довбик и по еден на неговиот украински сонародник Виктор Циганков и Кристијан Стуани, Жирона ја разби Севилја со 5-1 во дуел од шпанската Ла Лига, по што каталонскиот тим се врати на чело на табелата, но со еден меч повеќе во однос на вториот Реал Мадрид.

Жирона има 51 гол на 21 меч, убедливо се најефикасни во лигата, а сезонава четири или пет гола им дадоа на три тима кои учествуваа во Лигата на шампионите (Барселона, Атлетико и Севилја).

 

- Оглас -

Најнови вести