Жирона е вистински хит во Шпанија: Ѝ одржаа лекција на Барселона и го запоседнаа врвот во Ла Лига (Видео)

Екипата на Жирона ја забележа веројатно најголемата победа во својата историја откако вечерва со 2-4 ја совлада Барселона на Олимпискиот стадион во главниот град на Каталонија. Жирона првпат во историјата ја победува Барселона во официјален натпревар.

Во првото полувреме се играше отворено, а гледачите на Олимпискиот стадион во Барселона можеа да видат три погодоци. Жирона поведе преку Довбик, а Левандовски израмни на 1-1. Гутиерес со еврогол донесе ново водство за Жирона, кое на 1-3 го зголеми Валери во 80-тата минута и тука веќе се насетуваше кој ќе ги освои бодовите на „Монжуик“.

Барселона сè што успеа да направи до крајот на натпреварот е да намали на 2-3 преку Гундоган во 91-вата минута. Но, тука не беше крајот на натпреварот.

Кристијан Стуани во 95-тата минута го постигна и четвртиот погок за Жирона, со што стави печат на победата со која неговата екипа сега е осамена на врвот во Ла Лига со два бода предност пред Реал Мадрид.

Головите од првото полувреме може да ги погледнете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести