Жирона го победи фенерџијата и е блиску до опстанок во Ла Лига

Жирона, тимот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, успеа да го победи Ваљадолид на гости со 0-1, со што освои три клучни бода во трката за опстанок во Ла Лига. Сега Жирона е многу блиску до обезбедување опстанок.

Гостите долго се мачеа да го пробијат бедемот на Ваљадолид, а тоа конечно му успеа на искусниот Кристијан Стуани во 80-тата минута од мечот.

Бојан Миовски на овој меч остана на клупата за резервни фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести