28.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Жирона го победи Вулверхемптон, Миовски одигра едно полувреме

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, го одигра целото второ полувреме за Жирона на вечерашниот пријателски меч против премиерлигашот Вулверхемптон.

Миовски влезе при резултат 0-0 на стартот на второто полувреме на местото на Уругваецот Кристијан Стуани, а само десет минути подоцна, малиот каталонски клуб водеше со 2-0. За жал Миовски не даде гол, а ова му беше втор настап за Жирона во подготвителниот период летово.

Подоцна Волците преку засилувањето Џон Аријас дадоа гол за 1-2 што беше и конечен резултат.

- Оглас -

Најнови вести