Жирона и Милан се сигурици, Наполи и Интер ќе ја продолжат неизвесноста за титулата

Остануваат точно уште 24 часа за типување на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Играчите се неодлучни за дербито на Серија А, помеѓу Наполи и Интер, дуел кој може да ја даде насоката во борбата за титулата.

Сепак, најголем дел од нив сметаат дека неизвесноста ќе продолжи, а мечот ќе заврши нерешено.

Најголеми фаворити според типувачите на Спортската прогноза за овој викенд се екипите на Жирона и Милан, од кои се очекуваат победи во дуелите против Селта Виго, односно Лацио.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести