16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Жирона излажа за отштетата, Барселона на попуст ќе го купи капитенот на хитот во Ла Лига

Барселона во зимскиот преоден рок најверојатно ќе го ангажира капитенот на Жирона, Алеиш Гарсија, и тоа на попуст.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, сака да го ангажира Гарсија како замена за повредениот Гави, но проблем им претставува финансискиот ферплеј, но и тој може да биде решен бидејќи Жирона лажела за откупната клаузула.

Лидерот во Ла Лига првично соопшти дека клаузулата за Гарсија изнесува 20 милиони евра, но подоцна е откриено дека вистинската сума е 12 милиони и оваа сума нема да претставува проблем за Барселона да го реализира трансферот.

Слично се случи и минатото лето, кога Жирона бараше 10 милиони евра за Ориол Ромеу, а подоцна беше откриено дека клаузулата изнесувала само пет милиони евра. На крајот, Барселона го ангажира Ромеу само за 3,4 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести