Жирона ја прескокна Барселона и повторно е на второ место во Ла Лига (Видео)

Жирона со 2-0 беше подобра од Осасуна, и со овие три бода, малиот каталонски клуб се врати на втора позиција на табелата во шпанската Ла Лига, со четири бода помалку од лидерот Реал Мадрид кој утре игра дома со Селта.

Првиот погодок кој го даде Порту, беше после одлична акција со повеќе од 20 додавања. Жирона е тим кој има дадено четири гола после вакви „тики-така“ акции со бројни додавања и успешна завршница. Голот за 1-0 акцијата на Жирона може да ги погледнете ТУКА.

Точка стави младиот Бразилец Савио во финишот. Жирона е тим кој сезонава нема пораз на натпреварите на кои воделе со 1-0.

Осасуна беше во добар ритам, имаше три победи и едно реми во претходните четири кола, но денеска беше поразена од вториот на табелата, а во следното коло игра со првиот Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести