Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, се чини дека летово ќе ја напушти Жирона, а за неговиот потпис има интерес од шкотски Селтик, но и два бундеслигаши.
Токму Селтик беше првата екипа која загриза за Миовски, а сега во трката за неговиот потпис се вклучија и Фрајбург и Хамбургер.
Македонецот има договор со Жирона до 2028 година, а во моментов вреди 2,5 милиони евра, но целата за која би бил продаден е нешто повисока, околу три милиони евра, што во моментов е прифатливо за Селтик.
Миовски оваа сезона одигра 22 натпревари за Жирона со ефект од четири гола и две асистенции, но блескаше во дресот на Абердин, каде беше вистински лидер на екипата со 44 гола на 98 натпревари.