Атлетико Мадрид ја победи Жирона со 3-1, и сега на седум кола до крајот, Јорганџиите имаат четири бодови помалку од малиот каталонски клуб кој е најпријатно изненадување сезонава, но почна да паѓа во последно време.
Во првиот нивен меѓусебен дуел сезонава, Жирона го победи Атлетико со 4-3, но во моментов Атлетико е во подобра форма и тоа го докажа денеска со двата гола на Гризман и едниот на Кореа.
За Жирона ова е трети пораз во последните пет кола, а петти пораз по ред на гостински терен. За првпат сезонава Жирона загуби меч на кој водеше со 1-0. За Атлетико оваа сезона е најефикасна во последните шест години.