Жирона не се откажува од второто место во Ла Лига (Видео)

Фудбалерите на Жирона продолжуваат со одличните игри сезонава и во драматичен натпревар од 30-тото коло во Ла Лига со 3:2 го совладаа Бетис.

Голот вреден три бода беше постигнат во втората минута од судиското продолжение, херој на домаќинот беше Стуани.

Со победата, Жирона повторно има само два бода (65) помалку од второпласираната Барселона (67) на осум кола до крајот на сезоната. Далеку зад Жирона е Атлетик Билбао кој има 56 бода и вечерва ќе му гостува на Реал Мадрид во дербито на колото.

Жирона двапати водеше, со головите на Довбик во 36-тата и во 65-тата минута, но Бетис успеа да се врати благодарение на Вилијан Жосе кој исто така беше двоен стрелец (45 и 76 минута).

- Оглас -

Најнови вести