Екипата на Жирона и петти натпревар по ред нема победа во Ла Лига, откако одигра 1-1 на гостувањето кај Еспањол. Клубот од Каталонија не само што повторно не победи, туку се спасуваше од пораз со гол од пенал во 86-тата минута.
Бојан Миовски беше стартер, но не успеа повторно да се запише во листата на стрелците против Еспањол, па беше заменет во 69-тата минута.
Еспањол дојде во водство од 1-0 во малото каталонско дерби со голот на Жорфе во 49-тата минута, а Стуани од пенал во 86-тата минута израмни на 1-1.