Атлетик Билбао со 3:2 славеше над Жирона во меч од 25-тото коло на шпанското првенство. Со оваа победа Баскијците дојдоа до 49 бода и се зацврстија на петтото место на табелата, а Жирона остана на 56 бода на второто место.
Домаќините одлично го отворија мечот и со голот на Алекс Беренгер само пио 88 секунди игра поведе со 1:0. Голгетерот на Атлетик одлично го искористи „подарокот“ од противничката одбрана и со силен и прецизен удар погоди за радост на домашните навивачи на „Сан Мамеш“. Овој погодок може да го видите ТУКА.
Во второто полувреме следуваше голеада. Гостите израмнија на 1:1, но за кратко време Атлетик Билбао даде два гола и во 60-тата минута водеа со 3:1. До крајот на мечот гостите намалија на 2:3, но тоа не беше доволно да се спасат од пораз.
Жирона во последните шест кола има само две победи и едвај осум освоени бода.
Реал Мадрид останува прв со 62 бода, Жирона има 56, трета е Барселона со 54 бода, а четвртопласираниот Атлетико Мадрид веќе има двоцифрено заостанување во однос на Реал и има 51 бод.