Жирона првпат во својата историја ќе игра во Европа, Довбик може да прекине една доминација на Реал и Барса

Жирона беше убедлива против Кадиз, победи со 4-1, и во борбата за место во Лигата на шампионите, има големи десет бода пред петтиот Атлетик Билбао на шест кола до крајот на сезоната.

Со победата вечерва, Жирона си го обезбеди најмалку седмото место, што значи дека е сигурно оти за првпат ќе играат во европските купови.

Еден од четирите гола на малиот каталонски клуб го постигна Артем Довбик кој со 18 голови е прв стрелец во Ла Лига. Во претходните 14 сезони, секогаш прв стрелец во шпанската лига беше некој играч на Реал Мадрид или на Барселона, а како тргнало, таа традоција ќе биде прекината.

Од првите шест стрелци во лигата, само еден е од Реал или Барса (Белингам), а и тој не е напаѓач, туку фудбалер за врска, и веројатно признанието ќе го освои некој што не е од двата најголеми шпански клубови кои утревечер играат еден против друг.

Ако се гледаат само домашните мечеви, Жирона е најефикасен тим во Шпанија сезонава со 42 гола, пред Билбао со 38, а Атлетико и Реал имаат по 37.

- Оглас -

Најнови вести