Жирона со двојно поголеми шанси за титула од Барселона според квотите во Sport Life (Фото)

Каталонската сензација Жирона на половина од сезоната во шпанската Ла Лига има еднаков број бодови, како и лидерот Реал Мадрид, а на Барселона и Атлетико Мадрид им бегаат по десет бода со тоа што Барса има и еден меч помалку (вечерашното гостување кај Лас Палмас).

Жирона е најефикасен тим во лигата, има 15 победи и само еден пораз во 19-те досегашни кола и не само што не дава знаци на слабост, туку напротив. Синоќа на Атлетико му даде четири гола, а испорачаа покер голови и во мрежата на Барселона.

Доколку верувате дека Жирона ќе биде првак на Шпанија сезонава, што би било огромна сензација, може да заработите, со уплата во Sport Life. Во моментов, квотата дека Жирона ќе биде шампион е 4.50.

Реал е прв фаворит со 1.25, за Барса квотата е 9.00, а за Атлетико 23.0. Историјата вели дека ниту еден тим не надоместил негатива од десет бодови, па Атлетико може да се каже дека е отпишан од трката за титула, иако остануваат уште 19 кола.

- Оглас -

Најнови вести