Жирона со победа треба да ја заврши неверојатната сезона

3006 Џенова – Болоња (20.45 часот)

Болоња е најпријатно изненадување во Серија А, сезоната ќе ја заврши на третото или четвртото место, додека ќе заврши на средина на табелата. Болоња не знае за пораз во последните девет кола, додека Џенова славеше на последните два меча кои ги играше пред своите гледачи. Со оглед дека е последно коло, а и двете екипи немаат никаков резултатски императив, за очекување е да одиграат ефикасен натпревар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

3011 Венеција – Палермо (20.30 часот)

Ова е реванш натпревар од полуфиналниот бараж за пласман во Серија А. Првиот дуел заврши со минимален триумф на Венеција која и вечерва ќе ја има фаворитската улога. Во регуларниот дел од сезоната и двата тима остварија по една победа и тоа на гостински терен, но Венеција формата ја темпираше за завршницата од сезоната и баражот и се наоѓа во подобра форма.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.08)

 

1711 Сент Етјен – Родез (20.30 часот)

Ова е натпревар од полуфиналето за баражот за влез во првата лига. Сент Етјен кој регуларниот дел од сезоната во Лига 2 го заврши како трет ќе игра пред своите гледачи против Родез кој во четвртфиналето од баражот по подобро изведување на пенали беше подобар од Париз.

Сент Етјен досега трипати играл против Родез пред своите гледачи и нема победа (1:1,0:2,0:0), но влогот овој пат е дуел со Мец за влез во Лига 1 и вториот најтрофеен француски тим со поддршка од своите навивачи, е голем фаворит за триумф.

Предлог тип: 1 & 0-4 (2.14)

 

1301 Жирона – Гранада (21.00 часот)

Жирона е најпријатно изненадување во Ла Лига и сезоната ќе ја заврши на третото место без разлика на исходот од вечерашниот дуел. Гранада одамна испадна од Ла Лига, на 37 меча освои само 21 бод притоа примајќи дури 72 гола и ја има втората најлоша одбрана во лигата. За очекување е Жирона со сигурна победа да стави точка на неверојатната сезона.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.25)

 

8340 Реал Мадрид – Олимпијакос (21.00 часот)

Денеска започнува завршниот турнир во кошаркарската Евролига и во второто полуфинале ќе игра бранителот на трофејот Реал Мадрид и тоа против Олимпијакос. Токму овие два тима минатата сезона играа во финалето на фајналфор-турнирот и славеше Реал Мадрид со 79:78. Во регуларниот дел од сезоната, Кралевите славеа на двата меча (77:71 и 90:85).

Предлог тип: 1 & > 156.50 (2.75)

- Оглас -

Најнови вести