Жирона станува првиот „pet friendly“ клуб на светот, бараат на трибините да има и кучиња?!

Новиот шпански прволигаш Жирона, има нов главен спонзор, тоа е компанијата „Госби“ која произведува храна за животни, па клубот дојде на револуционерна идеја, да побара на нивните мечеви на одредени делови од трибините да смее да има и кучиња.

За раководството на Жирона, стадионите се семејни места, па затоа треба да се дозволи луѓето со себе да ги понесат и домашните миленичиња. Кучињата ќе мора да имаат маски, и да бидат придружувани од луѓе.

- Оглас -

Најнови вести