Жирона во 92-ра минута испушти победа, тимот на Миовски сезонава се мачи

Жирона одигра само 1-1 на гостувањето кај Леганес и освои само бод во битката за опстанок во шпанската Ла Лига. На пет кола до крајот, Жирона има три бода повеќе од загрозениот Лас Палмас кој е 18-ти на табелата.

Кристијан Стуани беше стрелец на голот за Жирона, а напаѓачот беше стартер и за него заврши рекордната серија од 14 гола по ред постигнати како резерва. Стуани уште од август 2023 година немаше дадено гол во меч на кој бил во почетните 11 на Жирона.

Бојан Миовски повторно остана на клупата и не влезе во игра.

Леганес уште од 19-та минута играше со човек помалку, но Мунир Ел Хадади во 92-ра минута даде гол вреден бод, а на гостите им скрати два.

- Оглас -

Најнови вести