Екипата на Жирона и четврти натпревар по ред нема победа во Ла Лига. Сепак, за разлика од претходните три меча кои ги загубија, сега одиграа нерешено, 2-2, на домашен терен против Селта Виго.
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, беше стартер за Жирона, а беше заменет во 68-мата минута. За нашиот фудбалер ова беше само трет настап оваа календарска година, после повредата, а првпат беше стартер.