Оливие Жиру уште еднаш потврди дека е мајстор за големи мечеви и со победнички гол во Неапол го одведе Милан до врвот на табелата во Серија А.
Францускиот ас погоди во 49-тата минута во негов стил, во гужвата во шеснаесетникот на Наполи и со тој гол Милан го доби дербито со 1:0.
This Giroud goal has Pippo vibes in it pic.twitter.com/H2kok5XHCL
— ⚡️™ (@DidoIoI) March 6, 2022
Жиру само 20 минути подоцна беше заменет, а Росонерите успеаја да ја задржат предноста на „Диего Армандо Марадона“ и да бидат лидери со 60 бода по 28 кола.
За Наполи од 67-мата минута играше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но и тој и соиграчите немаа посериозна шанса во текот на мечот за да се спасат од пораз.
Наполи сега е на третото место со 57 бода, зад Милан со 60 и Интер со 58 бода, но и со меч помалку.
Во битката за титулата е и Јувентус со 53 бода од 28 натпревари.