Жиру: Бев пред трансфер во Интер, но по некое чудо останав во Челзи

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру откри дека пред неколку сезони бил навистина блиску до трансфер во Интер.

Сегашниот центарфор на Миланезите, кои водат голема битка за титулата токму со својот градски ривал, изјави дека пред две години бил навистина блиску до трансфер во Интер.

„Пред две години бев навистина блиску до трансфер во Интер, но по некое чудо останав во Челзи и ја освоив Премиер лигата и Лигата на шампионите.

По крајот на сезоната јасно беше дека ќе си заминам, а не сакав да одам во Германија или Шпанија, или пак Франција, туку сакав да одам во Италија, а Милан беше навистина одлична опција“ изјави Жиру.

Французинот во оваа сезона има 26 настапи за Милан и постигна девет погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести