Лил го победи Бран Берген во натпревар од лигашката фаза на Лигата на Европа, а стрелец на голот за триумф на францускиот тим од 2-1 беше Оливие Жиру.
Ветеранот влезе на теренот во 67-мата минута и постигна гол во 80-тата минута по додавање на Тијаго Сантос.
Според „Опта“, Жиру стана најстариот играч кој постигнал гол во историјата на Лигата на Европа (тука се смета и Купот на УЕФА) откако влегол како замена.
Жиру има 38 години и 360 дена, голгетерот за пет дена ќе го прослави својот 39-ти роденден.

