Живи се надежите на Британците за титула на Вимблдон, Нори е јунакот, но му треба светско чудо во полуфиналето

Камерон Нори ги сочува шансите на Велика Британија за титула на домашен терен на Вимблдон по драматичната победа во пет сета против Давид Гофан, но на деветтиот носител сега ќе му треба светско чудо за успех во полуфиналето.

Противник на 26-годишниот тенисер ќе му биде шампионот Новак Ѓоковиќ, кој исто така во пет сета денеска го победи Јаник Синер.

Нори успеа да направи пресврт против Гофан и од негатива од 1:2 во сетови, стигна до победа од 3:6, 7:5, 2:6, 6:3, 7:5.

За Нори ова е најголемиот успех во кариерата, а само еднаш има играно против Ѓоковиќ и мина катастрофално.

Бранителот на титулата на Вимблдон, Ѓоковиќ, го победи Британецот во Торино лани со 6:2, 6:1, а и сега ќе биде огромен фаворит за пласман во финалето.

- Оглас -

Најнови вести