Жизел ги збуни Американците и предизвика хаос во НФЛ со порака на Твитер (Фото)

Сопругите на спортските ѕвезди, особено ако и тие самите се популарни, често знаат да привлечат внимание со одредени потези, па така уште не стивнуваат реакциите по најавата за разделба на Мауро Икарди и жена му Ванда која го обвини за прељуба и од Инстаграм ги избриша сите нивни заеднички фотографии, а сега и бразилскиот супермодел Жизел Бундхен која е жена на НФЛ мега ѕвездата Том Брејди, ги „вознемири“ љубителите на американскиот фудбал.

Брејди кој е веројатно најдобриот квотербек во историјата на НФЛ, после бројните успеси со Њу Ингланд патриотс, лани се пресели во Тампа Беј баканирс, а освои титула и со овој тим од сончевата Флорида, каде времето е многу потопло од тоа во околината на Бостон каде игра Њу Ингланд.

„Годинава ми фали есента“ – напиша Брејди на Твитер, а Жизел на ова му реплицираше: „Време е за трансфер?“.

Многумина помислија дека Брејди не е среќен, но Жизел ова го напишала само на шега и Брејди засега нема намера да си оди од Тампа.

- Оглас -

Најнови вести