Жоакин го надмина легендарниот Ференц Пушкаш

Бетис успеа непоразен да се врати од гостувањето кај Реал Сосиедад, иако на пет минути пред крајот беше во негатива од два гола. Сосиедад беше фаворит и водеше со 2:0, кога во 77 минута во игра кај Бетис влезе Жоакин.

Легендарниот играч на Бетис покажа дека и со 39 години е одличен, па најпрво асистираше за голот на Каналес, а потоа и самиот погоди во 92 минута за 2:2. Жоакин погоди со 39 години и 186 денови надминувајќи го легендарниот Ференц Пушкаш на листата на најстари стрелци во историјата на шпанското првенство.

Во последниве 10 години само Франческо Тоти бил постар фудбалер кој успеал на еден меч од Топ 5 лигите во Европа да има асистенција и погодок. Принцот од Рим тоа го направи со 39 години 350 денови, додека Жоакин сега е половина година помлад.

 

- Оглас -

Најнови вести