15.8 C
Skopje
недела, 4 јануари 2026

Жоан Гарсија ја спасуваше Барселона, а Дани Олмо и Левандовски донесоа победа во градското дерби (Видео)

Барселона славеше победа со 0-2 против Еспањол во градското дерби од 18-тото коло на шпанската Ла Лига, но конечниот резултат беше поставен дури во самиот финиш од натпреварот.

Иако Барселона имаше поголем посед на топката во првиот дел, поопасниот тим беше Еспањол, кој неколкупати сериозно се закани кон голот на Барса. Голманот Жоан Гарсија мораше да интервенира во три наврати и беше еден од најзаслужните што мрежата остана мирна.

Во продолжението двата тима тргнаа поофанзивно, со неколку изгледни можности на двете страни. Сепак, голманите продолжија да доминираат и да ги запираат сите обиди за погодок.

Отпорот на Еспањол беше скршен во 86-тата минута, кога Дани Олмо по додавање од Фермин Лопез од работ на шеснаесетникот мајсторски погоди и го совлада Дмитровиќ.

Само неколку минути подоцна, Барселона ја потврди победата. Повторно Фермин Лопез беше асистент, овојпат по десната страна за Роберт Левандовски, кој од непосредна близина без проблеми ја смести топката во мрежата за конечни 0-2.

- Оглас -

Најнови вести