Жоао Феликс е нов играч на Челзи, одвај чека да дебитира на „Стемфорд бриџ“ (Видео)

Португалецот Жоао Феликс до крајот на сезонава ќе игра за лондонскиот Челзи откако денеска беше комплетирана неговата позајмица од Атлетико Мадрид. Феликс порача дека одвај го чека својот прв меч на „Стемфорд бриџ“ во дресот на Сините.

„Челзи е еден од најголемите клубови на светот, се надевам дека ќе можам да му помогнам да ги реализира своите амбиции. Среќен сум што дојдов тука, одвај чекам да заиграм на ‘Стемфорд бриџ’“, изјави 23-годишниот Феликс, кој пред четири години беше прогласен за најдобар млад фудбалер на светот.

https://twitter.com/i/status/1613155118681329668

- Оглас -

Најнови вести