Жоао Феликс беше исклучен на вчерашното дерби меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, поради жестока расправија со главниот судија, Хесус Манзано. Според шпанските медиуми, Феликс на арбитарот му рекол дека е „луд“, а доколку тоа се испостави дека е точно, може да очекува суспенсзија од дури 12 натпревари.
Еден од главните играчи на тимот на Диего Симеоне влезе во 60. минута, и место да му помогне на својот тим, тој му одмогна, откако најпрвен доби жолт, а поради протести и црвен картон во 78. минута.
Останува да се види колкава казна ќе му исречат од шпанската федерација, бидејќи за три кола, Атлетико ќе игра против Барселона, во меч кој се во игра „шест бодови“.