Бенфика има намера да го доведе Жоао Феликс назад во клубот на позајмица од Челзи, и тоа пред Светското клупско првенство што ќе се одржи во 2025 година во САД, тврди португалскиот весник „Рекорд“.
Лисабонскиот гигант ќе се обиде да го ангажира Жоао Феликс уште на почетокот на јуни, со цел да го интегрира во тимот навреме за летните подготовки и за важните натпревари што следуваат.
Феликс беше дел од Бенфика од 2015 до 2019 година и таму го имаше својот пробив во светскиот фудбал, по што замина во Атлетико Мадрид за вртоглави 127 милиони евра. Моментно тој е позајмен во Милан, каде што настапи на девет натпревари во Серија А, но сè уште нема постигнато гол.
Со оглед на тоа дека Феликс нема значителна минутажа, ниту голема улога во Милан, враќањето во Бенфика би можело да биде шанса за рестартирање на кариерата во средина што добро ја познава. Бенфика, од друга страна, добива технички креативен играч кој може да го засили напаѓачкиот потенцијал на тимот.
Доколку Челзи биде отворен за уште една позајмица, сценариото е реално, особено ако нема заинтересирани клубови за трајно откупување на неговиот договор.