Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, сака да си замине од Атлетико Мадрид и да се пресели во Премиер лигата, пишуваат француските медиуми.
Откако се појави информацијата дека Феликс е незадоволен во Мадрид, беше првично објавено дека следен клуб на Португалецот ќе биде ПСЖ, но денеска француските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Премиер лигата.
Порталот „Ле 10 спорт“ пишува дека ПСЖ нема намера да го купува Феликс бидејќи во нападот ги има Мбаше, Меси и Нејмар и дека Португалецот ќе избира меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед.
Причина за незадоволството на Феликс во Атлетико се лошите односи со тренерот Диего Симеоне, а управата на Јорганџиите нема ништо против продажба на фудбалерот бидејќи сака да врати дел од вложените пари во неговиот трансфер.
Атлетико во 2019 година за сума од 126 милиони евра го купи Феликс од Бенфика.
Во Арсенал сакаат да го ангажираат Португалецот уште во зимскиот преоден рок како замена за повредениот Габриел Жесус, додека Манчестер јунајтед го гледа како идеален наследник на Кристијано Роналдо.